Три сестри имаат супер Инстаграм профил

19 октомври 2019

Сестрите Елназ, Таназ и Гоназ успеаја да направат профил со кој, дури и да не сте љубител на идентичните стајлинзи, ќе посакате да ги носите.

На Инстаграм можете да ги најдете под името @thetripletsss, а досега ги следат речиси 300.000 следбеници. 

Трите сестри живеат во Лондон, каде студираат дизајн и архитектура на ентериер, а инаку потекнуваат од Иран.

Со нивната егзотична убавина и чувството за комбинирање модни парчиња, создадоа бренд. Имено, трите се дел од големата заедница на инфлуенсери Our Social Collective, а имаат и бренд за накит By The Tripletsss. Моделите се инспирирани од модата од минатото, односно прават комбинација на винтиџ и тренди нота.

Велат дека целиот живот се облекувале идентично, а тоа денеска им носи и заработувачка. Доколку ве интересира како изгледаат нивните фотографии и секојдневието што го презентираат преку нив, заследете ги, но и погледнете ги фотографиите во продолжение:

 

 

Објавено:
19 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.460 пати