Три темно сини фустани од Max&Co за крај на студената сезона

3 март 2017

Веќе неколку дена имаме можност да уживаме во прекрасното сончево време кое е одличен предвесник на пролетта која би требало да дојде многу брзо.

Бидете стилска девојка и збогувајте се со зимата на вистински начин со овие темно сини фустанчиња кои се супер избор за овие денови.

Плисираните фустанчиња можете без двоумење да ги комбинирате за на работа, но и за бројни други прилики во кои сакате да блеснете во полн сјај.

Првото фустанче е во комбинација со неодоливо џемперче во иста нијанса со светло сини и сребрени апликации во предниот дел.

Комбинирајте го со стилски високи потпетици во слични нијанси како апликациите или пак со што и да посакате, а ќе направи да се чувствувате убаво.

И второто фустанче е во сличен стил како првото со целосно плисиран долен дел и еднобојно прикачено џемперче кое е неверојатно елегантно.

Од страната се прикачени сребрени и уникатни копчиња кои се сосема доволни за елегантен и луксузен изглед на една вистинска дама.

Разиграјте го фустанчето со овие рамни сребрени чевли и ранчето во иста нијанса за младешки и секогаш свеж изглед.

Последно што денеска ви предлагаме е овој темно син долг фустан изработен од нежен и прекрасен материјал кој совршено му прилега на телото.

Иако навидум едноставен, истиот е доволен за да оставите впечаток каде и да се појавите. Без двоумење носете го на свечената прослава што е пред вас, на свадбата за која имате проблем да одберете вистинска комбинација, но и на други настани на кои сакате да се истакнете од толпата.

Комбинирајте го со високи потпетици или пак рамни свечени чевли и едноставна шминка и фризура.

Викендов е совршен момент да направите одличен шопинг во чест на ова прекрасно сончево време! 

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Magnetik Group

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Марго Бојаџиевa

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.022 пати