Троен микс - тренд кој ни го најавуваат пред-зимските колекции

9 јануари 2014

Комбинацијата од повеќе материјали, дезени и бои е омилена игра на дизајнерите последниве неколку сезони. Пред-зимските колекции за 2014/15 најавуваат тројни варијации: три различни бои, три соодветно синхронизирани дезени и три словито поврзани материјали.

Александар Ванг во пред-зимската колекција за Баленсијага комбинираше кожа, памучна ткаенина и плетиво и доби футуристички изглед од класични форми. J.Mendel мискаше крзно, твид и кожа, сите поврзани со самурајски појас, а Клое ги продолжи своите пруги со елементи од крзно и кожа.

Во слоевитото облекување, актуелно пред се во уличната мода, добредојдени се овие варијанти кои синхронизираат различни аспекти на дезени и материјали, особено во зимскиот период, кога и покарј „натрупаната“ облека индивидуалноста доаѓа до израз.

 

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Тренд