Трудница со одличен минималистички стил

29 јуни 2020

Една од нашите омилени модни блогерки, Фунда Кристоферсен од Данска го задржа својот препознатлив, мнималистички стил и за време на нејзината бременост.

Таа важи за една од најстилските трудници актуелни на Инстаграм, а идните мајки кои преферираат едноставна и минималистичка естетика, во нејзините актуелни комбинации веројатно ќе најдат одлична инспирација.

Лежерните и опуштени кроеви, како и квалитетните и природни материјали од кои е изработена облеката, секако се значаен сегмент за удобна, а стилска бременост, што во имиџот на Фунда е потенцирано.

Таа најчесто бира фустани во права линија со миди должина и ги надополнува со лесно палто, блејзер или кошула.

Наместо високи потпетици, најчесто носи еспадрили или влечки, а секогаш со себе има плетена масивна чанта и очила за сонце.

Палетата на бои е сведена на неутрални тонови, вклучително и црна и бела кои најчесто доминираат во нејзиниот стил.

Фото: Инстаграм

Објавено:
29 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
926 пати