Украсете го велосипедот со кул аксесоари

24 април 2014

Ако велосипедот е вашето основно превозно средство,  тогаш разубавете ја заедничката секојдневна дружба со кул аксесоари.

Високата еколошка свест се почесто проработува и кај големите модни брендови свесни за кревкоста на нашата животна средина, па од тука поттекна и иницијативата за создавање на различни линии на модни додатоци  за велосипеди.

Во последниве неколку години индустријата за производство на велоспипеди забележа радикален развој, а паралелно во чекор ја следи и модната индустрија која на пазарот секојдневно продуцира креативни и иновативни решенија кои покрај естетска имаат и практична функција.

Пример за таков општествено одговорен моден бренд е германскиот Donkey кој постои од 2008 година и за кој се карактеристични пристапните цени, врвната изведба на производите и симпатичниот дизајн.

Еве неколку идеи како да го „дизајнирате“ велосипедот по ваша мерка.

 

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Тренд