Улична мода обоена во нијанси на лаванда

22 јули 2019

Нијансите на лаванда природно се вклопуваат во летниот колорит, а ова лето токму овие нијанси се меѓу тенденциите што ја обележуваат сезоната.

Нежна и сензуална боја, која ќе долови женствена естетика во секоја комбинација.

Затоа дамите што преферираат романтичен изглед, често ја имплементираат во својот изглед.

Летово акцентот е на транспарентните ткаенини во нијанси на лаванда што создаваат чувство на леснотија и елеганција.

Нам особено омилени ни се романтичните кошули со волуменозни ракави, изработени од транспарентни материјали во боја на лаванда.

Одлично се комбинира со остатокот на бои од пастелниот колорит, но за оние кои сакаат да експериментираат со миксот на нијанси, токму спојот со контрастни тонови е особено возбудлив и секогаш впечатлив.

Како изгледаат модните улици обоени во нијансите на лаванда, ви пренесуваме во галеријата во продолжение.

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.147 пати