Уличната мода нè инспирира што да носиме ако сме гости на свадба

8 мај 2019

Во постојана потрага како да се стилизраме во најдобро, свежо издание, како гости на свадбените свечености што ни следуваат ова лето, наидовме на супер стилски комбинации од уличната мода.

Шмекот на лежерниот изглед во уличната мода, споен со по некој свечен детаљ или парче, е комбинација што ќе ни обезбеди впечатлив, соодветен и поинаков изглед.

Применете по некој трик што го користат урбаните девојки, популарни во светот на уличната мода, па така ќе добиете сигурна формула.

Романтичната бела кошула комбинирајте ја со светкаво миди здолниште, комбинезонот надополнете го со масивни обетки, одберете слип фустан во впечатлива боја и спојте го со блејзер и шик плико чанта...

Пронајдете инспирација низ фотографиите што ги издвоивме од уличната мода.

 

 

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.736 пати