Ултра големите чанти се трендот на 2021 кој не можете да го игнорирате, дури и да сакате

5 март 2021

Бидејќи се многу многу големи! Ако изминативе неколку сезони бевме навикнати на минијатурни чантички кои ни ги презентираа Фенди и Жакмо, изгледа дека во 2021 ќе се водиме под мотото ,,Повеќе е повеќе".

Марни

Додатоците играат клучна улога во изгледот, а по се изгледа дека во 2021 чантите ќе доминираат и во царството додатоци и во изгледите. Роу, Тод, Сајмон Милер и Марни се само дел од брендовите кои во своите колекции ги вметнаа супер ултра големите чанти. И ова не е преувеличување од наша страна, бидејќи онаа на Сајмон Милер,  буквално можете да ја облечете.

Сајмон Милер

Можеби и ваква чанта и ни е потребна на крајот на денот, бидејќи во неа можете да спакувате сè - лаптоп, козметика, телефон и полнач, па дури и облека! Корисно, зар не?!

Живанши Балман Бруно Кучинели Стела Мекартни Ула Џонсон Живанши Фенди Том Форд Џил Сандер

 

Објавено:
5 март 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
827 пати