Веќе знаеме дека фармерките со години се неизбежен дел од нашите секојдневни стајлинзи и култно парче без кое ниту една девојка не може да си го замисли животот.
Ова лето, како и минатото, огромен хит се фармерките со висок струк во светла нијанса, а истите девојките ги комбинираат со уникатни блузи во разни форми и бои.
Ако минатата година елегантните блузички ги остававме за специјални пригоди, истите годинава ги носиме и на работа и за разни други настани.
Романтичните блузи од органза се само дел од огромниот избор, а истите се чини се најпопуларни и омилени кај девојките.
Подеднакво посакувани се и едноставните црни и бели памучни маички, но и оние со шармантни копчиња во предниот дел.
Карнерите и „пуфкастите“ ракави повторно ги освојуваат срцата на девојките ширум светот, па така ако имавте некој фаворит од минатите години, сега е време да го пребарате плакарот.
Во галеријата погоре ќе видите дел од огромниот избор на стилски блузички кои се совршен избор за бројни прилики кога мора да изгледате впечатливо, а имате малку време.
Инфо и фото: Bonjour.ba