Вака навистина изгледаат парижаните кога шетаат низ град

20 јануари 2021

Францускиот шик стил бил отсекогаш посакуван. Да се изгледа дотерано, без да се гледа дека премногу се трудите, лежерност, а сепак со елеганција е нешто што на Французите отсекогаш им успевало.

Таа „модна леснотија“ остана нивна модна препознатливост до денес.

Честопати за време на модните недели во Париз, имаме можност да видиме како се облекуваат луѓето таму. Но, тоа баш и не е реалната слика на улиците низ главниот град на Франција.

Низ инстаграм просторот наидовме на инстаграм профил кој ја претставува реалната слика за тоа како всушност парижаните и оние што шетаат низ Париз навистина изгледа во денешно време.

Парижани во Париз“ е името на профилот зад кои стои анонимен автор, а на кој со својот фотоапарат дава едно друго светло на француската мода. 

Не се откажуваат од ноншалантноста, но исто така умеат да бидат и модно смели и секако шик.

Заради зачувувањето на приватноста, речиси на сите фотографии не се гледаат лицата, но совршено се гледа каков е стилот. Рамните обувки се речиси задолжителни, а нема да видите ниту една „грда“ чанта.

Погледнете како навистина изгледаат парижаните кога шетаат низ нивниот град:

 

Објавено:
20 јануари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.733 пати
Тагови: 
Париз стил