Валентин комбинација: Мини фустан со нагласени карнери + црвена плико чанта

13 февруари 2020

Независно кој празник ќе го славите викендов, секогаш е значајно убаво да се чувствувате во „сопствените чевли".

Затоа секогаш одбирајте парчиња што одговараат на вашиот сензибилитет и го одразуваат вашиот карактер.

Ние имаме автентичен предлог за викенд стајлинг потпишан од домашен моден бренд.

Се работи за уникатна и модерна комбинација од модната куќа Елена Лука, која вклучува идеален спој на тренди фустан и модни додатоци во црвена боја.

Фустанот со мини должина и кариран дезен, остава посебен печат со нагласените рамена во повеќе слоеви на карнери, а напред е на закопчување со копчиња изработени од истиот материјал.

Аутфитот е целосен само кога го надополнувате со вистинскиот моден додаток, а во оваа комбинација тоа е плико чанта во црвена боја што става акцент на целиот изглед.

Комплетната комбинација може да ја најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
13 февруари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
784 пати