Вечната класика на цветниот фустан ќе продолжи да цвета и оваа есен

7 септември 2022

Есента се наближува носејќи со себе голем број возбудливи нови трендови кои со нетрпение ги очекуваме. Но бесмртните модни класици се бесмртни со причина, а нив ги гледаме речиси секоја година како умешно се провлекуваат од една сезона во друа.

Во оваа категорија се вбројуваат фармерките, мантилите, класичните кошули, но и цветните фустани кои добиваат сосем нова димензија кога од летните денови поминати на песочните плажи преминуваат во урбаните пејсажи во комбинација со есенски палта и чизми.

Фото: Pinterest

Со малку активација на креативниот мускул ќе согледате дека фустаните со цветни мотиви имаат можност да бидат стилизирани на безброј начини, за различни пригоди.

Есенските цветни фустани, кои најчесто доаѓаат во малку подебел материјал и поразлична текстура во споредба со летните, имаат моќ да внесат дополнителна свежина и боја во есенските денови кои неретко знаат да бидат сиви и врнежливи.

Фото: Pinterest

Не постои никакво ограничување во однос на должината, па така, кратките фустани одлично изгледаат со чизми до колена, додека пак оние со миди или макси должина најчесто одат во комбинација со чизми до глуждови. Во постудените денови можете да додадете дополнителен слој, како кожна јакна, мантил или пак плетен џемпер.

Фото: Pinterest

Овие фустани се одличен избор за секојдневен изглед, канцелариска работа, ручек во ресторан, попладневно кафе со пријателите, а зависно од моделот, тие можат да бидат и совршеното парче за на свадбена прослава.

Во продолжение ви нудиме н еколку инспиративни примери за тоа како да ја носите сета цветна убавина на себе додека есента ја бои природата во портокалово.

 

Фото: Pinterest

Објавено:
7 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.253 пати