Ви недостасуваа ли „ѕвонестите“ фармерки?

4 септември 2015

Фармерките со широки ногавици популарно наречени „ѕвонести" или „ѕвонарки“,  е една од првите асоцијации за хипи движењето во 60-тите и 70-тите години. Многу трендови се „позајмени" од таа револуционерна ера, вклучително и овој џинс.

Ѕвонестите фармерки повремено се појавуваат како доминантен тренд, па се заменуваат со тесен џинс, па повтрорно се враќаат во уште поголем избор.

Таков е случајот и со претстојната сезона кога бохо стајлингот ќе биде комплетен единствено со џинсот со широки ногавици.

Во прилог ви посочуваме неколку различни варијанти како да ги комбинирате во вашиот секојдневен изглед.

Целосно џинс комбинации


Платформи


Финиширани со детали: чанти, шешири, ремени...


Во комбинација со џемпери, палта или капути

Објавено:
4 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.654 пати