Викенд аутфити со бели патики

11 мај 2019

Конечно имаме сончева сабота, ден што веруваме дека сите максимално ќе го искористите за прошетка во природа, кафе со пријатели и сè што подразбира уживање во денот.

Ние си земавме за обврска денеска да ве инспирираме или да ви предложиме (во случај ако немате идеја) како да се стилизирате денеска, а вашиот аутфит да вклучува бели патики.

Ништо не е комплицирано, кога ги имаме омилените бели патики! Затоа што се едноставни за комбинирање и соодветно може да се вклопат во естетски различни целини.

Направивме избор од неколку сосема различни варијанти чиј заеднички „пресек" се токму белите патики.
Ги комбнираме со целосно џинс комбнации, со флорални здолништа, со мини или мид фустани, со кошули и килоти, со тренерки и со дводелен костум. И во секоја од овие комбинации белите патики имаат своја функција.

Објавено:
11 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.446 пати