Викенд инспирација: Анин Бинг е кралица на минимализмот!

8 август 2020

На инстаграм профилот на Анин Бинг секогаш ќе се информирате за актуелните стилски тенденции со минималистичка естетика. Таа е поранешен модел, мајка и бизнис жена која креираше своја модна империја, во која токму едноставната и минималистичка естетика е есенцијална.

А таа е најдобриот промотор на својот бренд, па сè што носи на себе е всушност нејзин дизајн.
Концептот на нејзините колекции секогаш е рационално осмислен, со идеја парчињата да бидат функционални за различни прилики, а истовремено да може меѓусебе да се комбинираат. Базичните парчиња како џинс, елегантни панталони во широк крој, кожени јакни и елеци, едноставни маички, кошули и фантастичен накит како надополнување, ја сочинуваат основата на нејзиниот бренд, а вклучително на нејзиниот личен имиџ.

Ако го разгледате нејзиниот профил на Инстаграм, веруваме дека ќе пронајдете одлична инспирација за вашите викенд комбинации, но и генерално, особено доколку преферирате минимализам.

 

Објавено:
8 август 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.045 пати