Викенд инспирација: Женствените комбинации на српската блогерка Тамара Калиниќ

5 септември 2020

Со речиси 900 илјади следбеници на Инстаграм, српската модна блогерка со адреса во Лондон, Тамара Калиниќ е една од највлијателните балкански блогерки во светски рамки.

Во 2019 година се најде и на престижната листа на „The Sunday Times" за Топ 100 инфлуенсери, а нејзиниот моден блог „Glam & Glitter" е препознаен како еден од најуспешните.

Ни се допаѓа тоа што во нејзиниот имиџ женственоста секогаш е потенцирана, па затоа ја посочуваме како инспиративен пример како да ставите акцент на дамската естетика.

Одбравме неколку летни комбинации што се најдоа на нејзиниот инстаграм профил оваа сезона, како идеја за викенд комбинации со женствена естетика.

 

 

Објавено:
5 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.379 пати