Викенд зимски комбинации во зелено

14 јануари 2022

Зелената боја совршено ѝ прилега на оваа зима. Од свежи тонови до топли, земјени нијанси, во уличната мода оваа зима зелената боја има доминантно место.

Оваа нијанса лесно се комбинира со неутралните тонови, а истовремено може да даде стилски акцент на секоја комбинација, независно дали е спортска или елегентна.

Со оглед на тоа дека пред нас е викенд, се инспириравме со вас да споделиме неколку интересни идеи, како зелените нијанси да ги вклопите во вашите викенд комбинации.

Можеби викендот ќе го поминете на планина, во природа, можеби на топол чај со пријателите, па независно какви се вашите планови, ние ќе ви понудиме неколку супер модерни комбинации што ќе ве инспирираат.

Зелени милитари капути, плетенини во интензивна зелена боја или пак топли ролки и џемпери, надополнети со зимско капче, шешир или беретка...

Неколку „зелени" идеи во продолжение...

Фото: Пинтерест

Објавено:
14 јануари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.312 пати