Викторија Бекам ја отвори сезоната на летни фустани

29 март 2022

На својот Инстаграм профил, Викторија Бекам објави фотографија на која на себе носи црн, секси, макси фустан на прерамки од нејзината актуелна колекција пролет-лето.

Со овој изглед, познатата дизајнерка ја отвора сезоната на женствени, летни фустани.

Конкретно овој модел е со впечатливо декотле, акцентот е ставен на женската силуета во крој што припиено ја следи линијата на телото.

"Го сакам овој фустан од мојата колекција пролет-лето, комфорен е и те прави да се чувствуваш посебно", напиша Викторија во описот.

Овој модел на црни фустани на прерамки, се одлична основа за лесно комбинирање со други парчиња од пролетниот гардеробер.

Совршено се спојува со бела кошула или маичка на кратки ракави или пак со елегантен блејзер или мантил.

Инспирирани од овој изглед, побаравме уште неколку идеи на слични модели на фустани во неколку различни комбинации.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
29 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
475 пати