Вистинските комбинации со кои ќе оставите впечаток на модна недела

3 февруари 2014

Доколку наскоро планирате да посетите некоја модна недела, а дефинитивно имаме неколку добри пред нас, веројатно се прашувате кои се комбинациите со кои ќе оставите добар впечаток.

За да не стоите долго време пред вашиот плакар, правејќи милион комбинации, ние во продолжение ќе се обидеме да ви помогнеме во тоа.

Неколку модни уредници од различни модни магазини, советуваат кои се вистинските парчиња во кои ќе оставите одличен и поинаков впечаток од сите други на модната недела на која планирате да присуствувате.

Она што треба да го имате на ум е дека секогаш треба да го негувате вашиот сопствен стил и да не се обидувате да правите експерименти само заради тоа што некаде сте ја виделе конкретната комбинација.

Инспирирајте се од следниве парчиња и никако не заборавајте да ставите по некој впечатлив детал по кој ќе бидете забележителна.

Уживајте!

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Тренд