Вистинско време за фустани од лен
•
11 јули 2017
Прва идеална летна комбинација која ни паѓа на памет, ако се земат предвид естетиката и прагматичноста, се фустаните изработени од лен.
Mango
На овие енормно високи температури, најпријатен и најсоодветен избор на гардероба се парчињата изработени од природни материјали кои ќе и овозможат на нашата кожа полесно да „дише" и природно ќе ја вентилираат.
Asos
Ленот е меѓу оние природни материјали кои важат за најсоодветни за летниот период, токму поради неговата лесна текстура, а истовремено совршено се комбинира со сите нијанси на летниот колорит.
Reformation
Издвојуваме неколку интересни модели на фустани изработени од лен.
Фото извор: Пинтерест