Французинките отсекогаш уживале статус за едни од најубаво облечените жени на светот, па не е ниту чудно што честопати се пишува за нив како за вистински пример од кои можеме да научиме многу за модата и правилното градење на стилот.
Без разлика на тоа дали сте почетници и допрва учите како да ја користите модата за стилско изразување, или пак сте вљубеници во француската мода и посакувате да внесете дел од нејзиниот шарм во вашата гардероба, одредени насоки кои французинките ги претпочитаат можете уште веднаш да ги ископирате и премените во својот стајлинг.
Оваа сезона е особено инспиративна, па во тој контекст, можеме да погледнеме неколку безвременски есенски комбинации кои се омилени помеѓу француските жени и да се водиме според нив.
1. Мантил + чизми до колена
Есен е и станува сè постудено, а парижанките се експерти за слоевитост. Од нив можеме да научиме како правилно да искомбинираме секаков аутфит со есенски мантил и чизми до колена. Ова е непогрешлива формула за практичност и елеганција, совршена за сончеви и дождливи есенски денови.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
2. Краток џемпер + класични панталони
Еден од фаворитите за оваа есен помеѓу французинките се чини дека е комбинацијата на удобен плетен џемпер во краток крој и панталони со класична силуета. Врвна елеганција совршена за деловни ситуации, ручек со пријателите или дневна кафе-седенка.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
3. Џемпер на пруги + здолниште или пантолони
Пругите се француска класика. Можеби звучи како клише, но блуза или џемпер со пруги секогаш изгледаат одлично. Во комбинација со макси плисирано здолниште или фармерки ќе постигнете непогрешлив француски изглед.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
4. Тексас на тексас
Двоен тексас е безвременска француска класика и неверојатен тренд оваа сезона. Побарајте парчиња во слични бои за да постигнете кул изглед.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
5. Јакна од вештачко крзно + панталони + патики
Не само што јакните од вештачко крзно се исклучително топли, туку се одобрени и од французинките. Наедно, оваа опуштена комбинација ви гарантира максимална удобност.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
6. Тесен фустан + салонки
Не ви се потребни многу детали за да направите тесниот фустан да изгледа одлично. Само додадете салонки и чанта за ефективно елегантен и суптилно секси изглед.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
7. Блејзер + бела маичка + фармерки
Обична бела памучна маичка под блејзер во спој со едноставни фармерки е секојдневна комбинација која ги освојува жените ширум светот, не само французинките. Беспрекорно едноставен и удобен, овој стајлинг овозможува лесно движење низ градот.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest
8. Бела кошула + фармерки
Откако Џејн Биркин ја носеше оваа комбинација, светот се заљуби во неа и подоцна ја видовме на речиси сите француски инфлуенсерки. Невозможно е да се погреши со класиката и удобноста, а токму тоа се добива со комбинацијата на бела кошула и фармерки.
Фото: Pinterest
Фото: Pinterest