Внимателно со трендовите

14 август 2013

Best-Fashion-Trends-2013

Да знаете што да избегнете при одбирањето на облеката е еднакво важно како и праќањето на модните трендови. И додека ригите, маиците со дезени и ведрите бои се освежување и соодветствуваат во речиси секоја комбинација, но со миксот на дезени, фустани кои не ја пратат линијата на половината и проѕирните сандали треба да внимавате.

Цветен дезен

Дезенот кој секогаш се провлекува низ пролетните комбинации е апсолутен хит оваа сезона. Но, иако овој весел дезен ви делува примамливо, не треба да оставите впечаток на цветна ливада. Не мешајте премногу цветни дезени, затоа што така ќе се изгуби ефектот што сте сакале да го постигнете.

cvijece

Фустани без половина

И додека дамите во почетокот на минатиот век носеа т.н flapper фустани, секој обид за отелотворување на истите во облеката на модерната жена би можел да заврши со моден гаф. „Вреќастите“ фустани кои визуелно го прават телото покрупно, и не се наменети за сечија градба, заменете ги со оние кои убаво ја нагласуваат половината  и облините.

haljina vreca

Кратки одела

Иако модните критичари ги опишуваат како браќа на деловните одела, многу жени имаат проблем со нината намена. Проблемот се кратките панталони кои воопшто не се опција за деловни состаноци, а севкупната комбинација од друга страна, е неодоливо лежерна за слободното време.

Short Suit 2

Транспарентни сандали

Појавата на чевли со транспарентни детали не наиде на одобрување на модната критика. Тие оставаат евтин впечаток и ретко која од нив може да „помине“.

cipele prozirne

Црна боја

Иако во зима не можеме да одолееме на црната и сивата боја, време е да ги оставите во плакарот и да се осврнете на пролетните нијанси. Светлите комбинации ќе ве освежат и вас и вашиот изглед, а ведрите бои ќе допринесат да оставите позитивен впечаток. Истото важи и за бојата на ноктите. Не дека црната е сосема исклучена, но не претерувајте.

black dress

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Тренд