Во фокусот оваа сезона: широки панталони

11 јули 2013

Ако го следиме фокусот за оваа летна сезона, тогаш во потесната селекција на задолжителни парчиња се и широките панталони. Лежерни, со низок струк и екстра широки. Лесна елеганција во прозрачни материјали како една од варијантите на широки панталони ни понуди и Клое во својата ресорт колекција. Ултра-релаксирачки и ефективно практичен избор за лето, плажа или опуштена вечера.

 

 

Објавено:
11 јули 2013
Категорија: 
Тренд