Во гардероберот на Французинките: 7 задолжителни модни парчиња за 2021

18 февруари 2021

Нивниот je ne sais quoi пристап кон облекувањето, ги прави Французинките неисцрпна инспирација. Токму затоа, нивните гардеробери, колку и да се класични, постојано ги следат трендовите, па токму таму ќе ги најдеме 7-те есенцијални мкдни парчиња кои ќе се носат во оваа 2021. 

Макси капутите

Топли, удобни и шик, макси капутите се првото парче кое во моментов е вистински тренд. Инвестирајте во неколку, но задолжително одлучете се за црн, сив или беж (а најдобро трите варијанти).

Кожни парчиња

Секако, станува збор за вештачка кожа, па ако успеете да најдете и некоја винтиџ варијанта, имате полн погодок. Јакна, панталони, кратко здолниште или шорц - сите опции се во игра.

Дебела ватирана јакна

Со убав волнен џемпер или онаков од кашмир, дебелата долга јакна ќе ве стопли, а ќе изгледате елегантно и соодветно на временските услови.

 

Удобни дводелни комплети

Неминовен дел од гардероберот се удобните парчиња, особено за периодот минат дома. Одлучете се за добар плетен комплет кој нема да морате да го носите само дома, туку и надвор.

Чизми до глужд и чизми до колена

Во есен и зима чизмите се секако задолжителни. Оваа сезона, нека бидат високи до колена и ниски до глуждот.

Кариран капут

Ако сакате да додадете малку софистицираност во изгледот, на еднобојната комбинација, додадете кариран капут.

Маска

Маската е неизоставен дел од новата рутина на живеење. Дозволете маската да се вклопи во вашиот изглед, па изберете маска во боја или со дезен.

Објавено:
18 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.821 пати