Во моден фокус: Транспарентни кошули со волуменозни ракави

26 август 2019

Суптилен сексапил и елеганција споени во едно парче облека кое е хит меѓу трендсетерките...

Се работи за транспарентните кошули кај кои акцентот е на волуменозните ракави, што дава авангарден шарм на секоја комбинација.

Овие кошули беа актуелни летово, а нивната популарност продолжува и престојната, есенска сезона.
Интересно е тоа што може да се комбинираат на различни начини, а токму и од тоа зависи дали стилската целина ќе биде со романтична, женствена, свечена или спортска естетика.

Да, може да ја комбинирате дури и во спортски фазон – врз кошулата облечете фустан на прерамки или комбинезон и на комбинацијата додадете патики, качкет и очила за сонце.

Или пак може да ја комбинирате со панталони или здолниште со висок струк, високи потпетици и мини клач чанта – и имате стилска комбинација за вечерно излегување или посебна прилика.

Неколку дополнителни идеи следуваат во фото галеријата.

Објавено:
26 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.014 пати