Во тренд: Фустани во африкански стил!

15 октомври 2013

Никој не може да му одолее на овој прекрасен колоритен дизајн преточен во секси фустани – да, зборуваме за африканскиот!

Истиот е задолжителен за оваа сезона. Без разлика дали ќе се одлучите за фустан, здолниште, кошула или пак комбинезон, погрижете се да поседувате нешто со овој дизајн.

Овој дизајн потекнува од Африка каде може да се најдат најубавите и најколоритните дизајни во светот. Корените на овој дизајн потекнуваат од прекрасните источно африкански земји каде може да се најдат и некои од најубавите материјали во светот.

Благодарение на модерните стилови, овој дизајн успеа да се издвои од сите останати и да стане омилен на некои од светски познатите ѕвезди.

Денеска, африканскиот дизајн е дел од некои од најубавите фустани, венчаници, костими, модни додатоци и чевли.

Фустани со африкански дизајн можевме да видиме и на последните модни ревии и тоа во колекциите на Ралф Лорен, Мучија Прада и Nicolas Ghesquiere.

Погледнете некои од најубавите фустани и комбинации со африкански дизајн.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Тренд