Дваесетите се години кога експериментираме, го бараме стилот кој најмногу ни одговара, истражуваме... Следната животна декада пак, носи доза сериозност, која се рефлектира и врз облеката што ја бираме. На оваа тема пишуваше и австралиското издание на магазинот „Вог“.
Тие направија листа на 30 парчиња што жените над 30 години треба да ги поседуваат во гардероберот. Ние ја пренесуваме во продолжение:
Мантил -Парче за сите пригоди, одлично за дождливи денови.
Црни чизми - Моделите до глужд ќе бидат идеални за во текот на целиот ден (и работното место и после тоа), но секогаш е добро да имате и едни високи.
Панталони со добар крој - ова е парчето во кое ќе изгледате добро и ќе можете да го вклопите лесно во деловниот стил.
Голема чанта - едноставна, практична и исто така одлична за деловниот стил.
Блејзер - „Ова парче со добар крој е најдоброто парче облека за возрасни“, вели „Вог'
Бела кошула - Ако до сега не сте имале макар една во гардероберот, задолжително инвестирајте и тоа во неколку што ќе ги менувате.
Коктел фустан - За забави, вечерни излегувања, свечени поводи - ова парче ќе ви биде добредојдено и ќе ве спаси во многу ситуации.
Чанта која долго време ја посакувате - можеби е мала и во неа не може да ставите ништо освен телефонот, но до 30-тата морате да се почестите со една убава чанта која ја посакувате можеби и со години.
Патна торба - Инвестирајте во патна торба каква што доликува на една современа жена. Баталете ги ранците или малите торби во кои ги натискувате работите. И изборот на патна торба е исто така одлика на стилот.
Црни салонки - Никогаш не знаете кога ќе ви затребаат и во нив ќе имате чувство на самодоверба и моќ.
Фармерки со добар крој - одберете модел кој ќе му направи услуга на вашето тело и ќе го истакне најдоброто. Купете си од истиот модел фармерки во неколку нијанси и комбинирајте го во разни пригоди.
Парче накит кој ќе го наследи вашата ќерка - Еден ден ќе ви бидат благодарни на тоа.
Фустан за формални пригоди - „Вог“ препорачува во гардероберот да имаме фустан кој ќе биде идеален за пригоди кои бараат свечен и прикладен дрес-код, безвременски вечерен фустан кој ќе ви се најде секогаш кога треба да играте на сигурно.
Градник кој совршено ви прилега - Нема потреба од објаснување. Тоа е задолжително парче во било која декада од животот.
Шик комбинезон - Идеално парче за оние дами што не се обожавателки на фустан, а и да сте, постојат моменти кога можете дозата гламур да ја најдете токму во ова парче облека.
Плетенини - Џемпер, фустан, панталони - топли и практични во зимските денови.
Црн фустан - Модна класика која треба да ја имате секогаш во гардероберот, па дури и во повеќе варијанти.
Кожна јакна - Парче кое лесно ќе го вклопите во разни комбинации во сите годишни времиња.
Комбинација во која секогаш ќе се чувствувате како „Девојка од милион долари“ - Без оглед на тоа дали се во прашање чевли, панталони кои можеби и не се најудобно или пак фустан кој отсекогаш сте сакале да го носите, дозволете си да имате парче во кое се чувствувате и изгледа моќно, убаво и со самодоверба.
Одело - Уште од оние комбинации во кои вреди да инвестирате, бидејќи се одлични и за деловни пригоди, но и за оние надвор од работното место.
Тренерка - Можеби ви е чудно што и ова парче се најде на листата, но секој од нас има моменти кога сака да се одмори и да ужива во удобноста што ја дава тренерката.
Пижама - а кога сме кај удобноста тука се и пижамите. „Вог“ советува да инвестирате во свилени, но нема да згрешите ако одберете и памучен модел, најважно е да се удобни и да се чувствувате убаво додека ги носите.
Сандали - Тука нема правила, бирајте го она што ви се допаѓа и најважно од се' модел што ви пружа комплетна удобност. Едно од најнепривлачните слики се оние на жена која чекори во неудобни чевли.
Свилена марама - Без оглед на тоа дали е овој моден додаток меѓу вашите омилени, сепак ова е уште еден моден класик кој може да ја направи вашата комбинација комплетна и впечатлива.
Патики - Високи потпетици се секогаш потребни, но поеднакво се потребни и добри патики, удобни и практични.
Впечатливи обетки - што ќе ги носите гордо и ќе ги комбинирате со било кое парче облека од оваа листа.
Очила за сонце - Бирајте модели кои ви одговараат на обликот на вашето лице. Не бирајте тренд кој не ви прилега, бидејќи ќе изгледате смешно. А целта е да изгледате добро и впечатливо.
Часовник - еден од најпрактичните модни додатоци кој може да ја подобри вашата комбинација.
Бела маица - Може да биде додаток речиси во секоја модна комбинација и основно парче кое е добро да го имате во повеќе варијанти.
Капут - Клучно парче во зимскиот период. Инвестирајте во квалитетно, безвременско, за да можете да го носите повеќе сезони.
Што од оваа листа веќе имате во гардероберот?