За идеална празнична атмосфера дома: божиќни пижами со симпатични дезени

23 декември 2020

Празничните денови што се пред нас, се убава прилика да останеме во кругот на најтесното семејство и меѓусебе да си го посветиме вниманието за кое вообичаено во текот на годината немаме време.

Топол чај, мирис на цимет, колачиња, суптилно светло од празничното украсување – ваква топла атмосфера заслужува и супер удобни пижами со симпатични божиќни дезени, што ќе го заокружат целиот новогодишен домашен амбиент.

Барем ова е еден од начините, како да донесете празнична радост во кругот на семејствотo, а во меѓувреме и да направите по некој незаборавен семеен портрет во пижами.

Светските брендови, дури и оние кои вообичаено не дизајнираат лежерна облека и пижами, годинава ја препознаа приликата и се прилагодија на ситуацијата, со тоа што во својата понуда вметнаа фантастични модели нa удобна облека и пижами, особено во овој празnичен период.

Новите модели на пижами, не вклучуваат само класични божиќни дезени во зелена и црвена боја, туку изборот е збогатен и со такви во неутрални тонови или пак поспецифични принтови инспирирани од легендарни ликови од цртаните или пак со интересно илустрирани божиќни мотиви.

Фото: Instagram, ASOS, Boden, C&A, H&M, Oysho, Reserved, Yamamay, Zara Home

Објавено:
23 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
416 пати