За мажи: Што да носите на забава?

22 ноември 2016

Во сезоната на празнични забави, не ги заборавивме мажите. Иако, честопати неправедно ставени во втор план, постојат голем број мажи што навистина внимаваат на својот изглед, на тоа што го купуваат, а подоцна комбинираат.

Без разлика дали периодов треба да се појавите на некоја свечена прослава или опуштена забава, светските модни стилисти велат дека кадифето е тренд број еден и кај мажите!

Кадифето во темнозелени или тегет нијанси е нешто што секој маж треба да го поседува.

На неодамна одржаните Американски музички награди Шон О’Донел ја имаше совршената комбинација за посвечени пригоди. Секако, класичните одела никогаш нема да бидат

За поопуштените варијанти, комбинирајте кошула со џемпер или палто или трите, панталони/фармерки со добар крој и чизми до глужд или подлабоки чевли.

За да не зборуваме напразно, во продолжени погледнете ги нашите предлози, кои веруваме ќе ве инспирираат.

За посвечена забава:

 

За поопуштена забава:

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
356 пати
Тагови: 
мажи стил забави