Вљубениците во високите чизми конечно ќе уживаат во претстојната сезона. Есента е совршениот период во годината кога можеме со сето задоволство да ѝм се вратиме на високите чизми до колена и да бидеме креативни во градењето на одлични есенски комбинации.
Фото: Pinterest
Без разлика на тоа дали претпочитате рамни или високи потпетици, заоблени или шпицасти врвови, чизмите до колена се достапни во безброј модели, бои и материјали кои се вклопуваат со сечиј стил. Оваа есен ќе доминираат оние со необични и дебели ѓонови, а од аспект на материјали, се чини дека кожата засекогаш ќе биде најприсутна.
Фото: Pinterest
Високите чизми се идеалниот избор кога немате идеја што да облечете, затоа што одговараат на речиси сè. Можат да се искомбинираат со кратки и долги здолништа, фустани, шорцеви, фармерки и хеланки. Ваше е да одлучите како ќе ги носите оваа есен и зима.
Во прилог погледнете неколку инспиративни предлози кои ги одбравме за вас.
Фото: Pinterest