Задолжителни и безвременски модни парчиња во кои вреди да се инвестира

5 октомври 2022

Моќта лежи во деталите!

Оваа изрека е точка во различни контексти, вклучувајќи го и модниот. Вистинските познавачи на модата и вљубеници во префинетиот стил препознаваат дека едноставноста и суптилноста неретко го постигнуваат најсилниот ефект.

Тајната лежи во изборот и начинот на комбинирање на модни парчиња изработени од висококвалитетни материјали, преку кои се постигнува ненаметлив луксуз. Овие парчиња се најчесто безвременски и класичен избор кој наоѓа примена во секој момент, без разлика на сезоната и пригодата, и го издржале тестот на времето, како и агресивните промени на трендовите.

И токму затоа, овие парчиња вреди да се инвестира. Во продолжение ќе ви предложиме 10 такви модни парчиња во кои можете да започнете да инвестирате уште оваа есен.

Бела кошула

Белата кошула може да се носи во текот на целата година, а нејзината едноставност дозволува да стане дел од секаква стилска комбинација, во спој со фармерки, класични црни панталони, под блејзер, или пак со кратко здолниште, шорцеви и под слип фустан. Можностите се бескрајни.

Фото: Pinterest

Парчиња од свила

Вистинскиот луксуз се препознава во изборот на материјалот и неговиот квалитет. Свилата е бесмртен материјал кој зрачи елеганција и луксуз, може да биде дел од свечени, но и лежерни комбинации, а притоа нејзиниот сјај го постигнува луксузниот ефект кој го бараме.

Фото: Pinterest

Блејзер

Секој гардеробер мора да содржи барем еден блејзер. Ова класично парче може да се комбинира со секаков останат тип на облека и да се прилагоди на различни стилови. Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за блејзер во боја или пак кариран, тој одлично ќе стои во спој со фармерки, класични панталони и здолништа.

Фото: Pinterest

Палто во неутрална нијанса

Кога станува збор за есенската и зимската гардероба, еден од најдобрите избори кои можете да ги направите е да вложите во квалитетно изработено топло палто во неутрална нијанса. За разлика од црната боја која може да биде доста тешка во одредени комбинации, или пак белата која го има обратниот ефект, палтото во неутрална нијанса, од беж до кафена, може да се вклопи во повеќе различни стилски комбинации и да биде одличен избор за дневни и вечерни изгледи.

Фото: Pinterest

Плетен фустан

Плетените фустани се чини дека никогаш не излегуваат од мода, а особено се во тренд за оваа есен и зима. Неутралните нијанси на плетени фустани се одличен избор во креирањето на едноставни комбинации кои зрачат со суптилен луксуз.

Фото: Pinterest

Мокасини

Доколку барате едноставни, но убави чевли кои ќе одат со сите парчиња во вашата гардероба, инвестирајте во кожни мокасини.

Фото: Pinterest

Чизми високи до колена

Инвестирање во квалитетен пар на кожни чизми високи до колена е можеби една од најдобрите одлуки кои можете да ги направите оваа есен. Високите чизми честопати котираат највисоко на листите на најпосакувани модни додатоци кај љубителите на модата. Покрај нивната практична примена, топлина и можност да бидат комбинирани со фармерки, шорцеви, фустани и здолништа, атрактивноста на овие чизми лежи во нивната моќ да додадат одреден сексапил и да флертуваат со женствената форма на ногата.

Фото: Pinterest

Црна кожна чанта

Одредени трендови на чанти доаѓаат и си заминуваат, но се чини дека црната кожна чанта претставува класика која може лесно да се вклопи во секаква стилска комбинација, па затоа во неа дефинитивно вреди да се инвестира.

Фото: Pinterest

Кожен појас

Ова е детаљ на кој можеме многу лесно да заборавиме и звучи како доста невозбудлива ставка на оваа листа. Сепак, ова суптилно модно парче може да направи огромна разлика во зависност од тоа како го комбинираме и со што.

Фото: Pinterest

Едноставен накит

Кога станува збор за фин или скап накит, често се потпираме на едноставни дизајни. Ненаметливиот накит може да биде секојдневен дел од вашиот изглед и да одговара со секаков стил.

Фото: Pinterest

Објавено:
5 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.531 пати