Задолжителни за студени денови: Колоритни капути за забавна и топла зима!

30 септември 2014

Зимата повеќе не мора да е синоним за темни комбинации во кои најчесто вклучуваме црни или темно кафени капути со чизми во слична боја! Оваа зима дозволете си доза свежина прераскажана преку колоритни капути што ќе ја разубават секоја ваша комбинација.

Токму вакви капути во прекрасни бои можевме да видиме низ шармантните улици на Париз во рамки на тамошната модна недела, каде светските трендсетерки ги комбинираа на беспрекорен начин.

Она што задолжително треба да го запомните кога ќе одите во шопинг по ваков капут, е тоа што секогаш треба да бирате таков со едноставни линии и без многу додатоци.

Со оглед на тоа што самата боја е доволна и неверојатно впечатлива, останатиот дел од комбинацијата дозволено е да биде сосема едноставен и секогаш лежерен.

Најслатката предвесничка на ваквиот стил е прекрасната уредничка на модниот портал Buro 24/7 Мирослава Дума, која на ревијата на Диор се појави во едноставна црна комбинација со фасцинантен капут во корално сина боја.

Доколку во плакарот веќе имате капут во розова боја што не сакавте да го погледнете изминатите неколку сезони, сега е вистинско време да му го презентирате на светот!

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Тренд