Задолжително парче: Walkmaxx балетанки за удобна пролет!

20 февруари 2015

Веќе навикнавме одличните Walkmaxx постојано да ни нудат удобни обувки, па и денеска ви предлагаме едни токму такви совршени за почетокот на пролетта.

Walkmaxx балетанките овојпат доаѓаат во три одлични и супер бои како црна, темно кафена и крем нијанса на која веруваме најмногу ќе и се израдувате претстојната сезона.

Овие балетанки ќе ви овозможат удобен шопинг, прошетки со пријателките, но и неверојатно удобно секојдневие на вашето работно место. Покрај со нивната удобност, она со што тие ќе ве привлечат е неверојатната можност за лесно и шик комбинирање на истите.

Ние денеска ви предлагаме една модерна рок комбинација составена од црни панталони и кошула, надополнета со тренди кожена јакна во темно црвена боја. Она на што особено ставаме акцент е дефинитивно кафената шапка и впечатливото ланче во боја на вино.

Започнете со согорување на масните наслаги, со напредниот начин на одење, кој веќе увери огромен број луѓе во целиот свет!

Се препорачува првите две недели да ги носите околу 20-25 минути, за да се прилагодите на новиот начин на чекорење, а потоа можете да ги носите 4 до 5 часа, а најдолго 6 часа во текот на денот.

Овој ѓон обезбедува правилно стегање на стапалото при движење, што значи колку повеќе и почесто се движите, толку повеќе ја потпомагате циркулацијата, го подобрувате фитнесот и ја зголемувате кондицијата.

Мускулите од задникот и нозете ќе работат понапорно, а вие дефинитивно ќе го почувствувате тоа при движењето.

Уживајте во прошетките!

Објавено:
20 февруари 2015
Категорија: 
Тренд