Задолжително парче: Walkmaxx еспадрили за безгрижен и удобен одмор!

16 јуни 2015

Во пресрет на одморите, денеска ви предлагаме едни ултра удобни унисекс еспадрили што може да ги добиете во повеќе бои. Тие се како создадени за неверојатно лежерен одмор, кога ви требаат навистина удобни обувки за да може да ги прошетате сите знаменитости на местото каде престојувате.

Овие Walkmaxx еспадрили се одлични и за секојдневните прошетки низ вашиот град, но и за завршување на работните обврски и долгите летни прошетки со вашиот партнер. Она што ги прави дополнително шик, е тоа што тие се унисекс, па можете да си купите по еден чифт заедно со вашиот партнер. Овие еспадрили сега доаѓаат и со ѓон што истовремено масира, што ги активира мускулите на нозете и задникот. Кога ги носите, притисокот при одењето се префрла од зглобовите на мускулите, па затоа можете побрзо да слабеете и да го зајакнете телото и истовремено да ја спречите појавата на целулитот.

Ние денеска ви предлагаме една навистина летна, машка и женска комбинација со црвени еспадрили, а на линкот можете да си ја одберете и вашата омилена боја од истите!

 

Женска комбинација Женска комбинација

Машка комбинација Машка комбинација

 

Објавено:
16 јуни 2015
Категорија: 
Тренд