Задолжително погледнете ги најдобрите 100 аутфити за пролет 2014

15 октомври 2013

Збиените ревии од модните недели во Париз, Лондон, Милано и Њујорк можеби ви беа премногу за да ги погледнете и анализирате сите, затоа ние за вас направивме селекција на 100-те најдобри аутфити од ревиите во модните престолнини. За да поедноставиме, направивме еден сублимат кој всушност е предвесник на модните тенденции за пролет 2014 година. Од обемната галерија сигурно ќе сретнете модели од вашите омилени дизајнери, а ќе ви стане и кристално јасно што ќе треба да поседувате и како да ги комбинирате парчињата што ќе се носат следната пролет. Иако, ние редовно ве известуваме за сите ревии и трендови, сметаме дека преку оваа содржина ќе добиете слика како да ја насочите вашата модна побарувачка и креативност.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Тренд