Зара ви ги претставува топ 12 најдобри парчиња за пролет

27 февруари 2014

Пролетта веќе „започна“ во сите продавници на шпанскиот бренд Зара.  Сите љубителки на оваа етикета веќе можат да  ги изберат своите омилени парчиња кои претстојната пролет ќе ја „обојат“ во светли нијанси, лежерни и едноставни кроеви и лелеави материјали и виолетова тантела. Раководството на Зара, овие лесно компактни парчиња како за преку ден така и за вечерен стајлинг, веќе ве охрабрува да ги носите шљокиците и преку ден, а ќе ги сретнете на здолништа и кратки топови. Вкусовите на сите ќе бидат задоволени, па така има такви за оние што го негуваат спортскиот изглед, па се до формални и класични парчиња.

 

Освен парчињата гардероба, од Зара промовираат и обувки, а во фокусот освен рамните сандали со светкави камења се и шпицестите балетанки за кои очекуваме да станат едни од најпопуларните.

Објавено:
27 февруари 2014
Категорија: 
Тренд