Здолништа што одлично ќе се вклопат во вашите деловни комбинации

10 мај 2019

Особено во пролетната и летната сезона, обожуваме во нашиот деловен имиџ да им најдеме примена на здолништата. Ова парче ги обединува практичната и естетската функција, па токму затоа многу често е нашиот избор.

Здолништето ќе и даде елегантен карактер на секоја комбинација, а истовремено лесно се комбинира со остатокот од деловните, есенцијални парчиња во гардероберот како блејзерот, белата кошула, едноставната маичка, сакото...

Надополнета со соодветни чевли, суптилен накт и квалитетна чанта, комбинацијата со здолниште е нашата стилска, летна деловна „униформа".

Издвоивме неколку модели на здолништа што соодвествуваат на деловниот стил.

Објавено:
10 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
696 пати