Здолниште од тул за шик комбинации

8 јуни 2015

За разлика од малиот црн фустан и уште неколку есенцијални парчиња во редот на „безвременски“, трендовските промени наметнуваат и такви кои важат за ексцентрични и не се вклопуваат во стилската приказна на мнозинството.

Здолништата од тул отсекогаш биле карактеристика за стилот на храбрите девојки со неконвенционален стил, но оваа сезона се особено актуелен тренд, па може да ги најдете во „покомерцијални“ комбинации.

Во зависност од тоа како ќе ги комбинирате, здолништата од тул може да изгледаат навистина шик, роматични или „откачено“.

Слободно облечете кратко здолниште од тул и комбинирајте го со старки или женствено миди здолниште надополнето со маичка со интересен принт и високи потпетици.

Во продолжение ве инспирираме со неколку различни варијанти.

 

 

 

Објавено:
8 јуни 2015
Категорија: 
Тренд