Здолништето кое добро стои на сечие тело...

26 февруари 2021

Секоја жена посакува парче во гардероберот кое совршено ќе ѝ прилега. Модните стручњаци велат дека здолништето на преклоп, кое се врзува од страна (или напред) во јазол е токму едно такво.

Како и фустаните на преклоп, така и здолништата, лесно се прилагодуваат на сечие женско тело. Струкот најчесто е висок, а преклопот овозможува комоција при носењето, без разлика од кој материјал е изработено и на тој начин е доволно тесно за да ја истакне фигурата, но и доволно широко за да ги сокрие недостатоците.

Постојат неколку варијанти на моделот, но меѓу најпопуларните во моментот се миди должината и оние изработени од кожа, односно скај.

Можете да ги комбинирате со што и да посакате и можат да бидат вашиот избор и за деловни комбинации и оние пригоди кога сакате да се дотерате повеќе.

Ние одбравме неколку примери кои можат да ви послужат како инспирација, а вие одберете го оној што ви е фаворит и ставете го на следната листа за шопинг.

Објавено:
26 февруари 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.514 пати