Женствени фустани за летните денови

18 мај 2019

Лежерни, женствени, флорални, лелеави, со принт во точки и флорални – ова се неколку основни стилски карактеристики на фустаните во кои сакаме да го уживаме летото.

Ако ги следиме „прогнозите" на уличната мода, ИТ девојките веќе ги имаат своите фаворити, а меѓу нив се моделите со карнери и голи рамена, со отворен грб, со миди должина во А кроеви, такви изработени од транспарентни материјали, со флорални и точкасти принтови – па веќе имате генерална слика што ќе биде актуелно во претстојната летна сезона.

Трендот на комбинирање женствени фустани со патики, продолжува и оваа сезона, па нема да погрешите ако направите таков спој.

Издвоивме неколку супер стилизирани девојки од уличната мода што во своите комбинации имплементирале женствен модел на фустан.

 

 

Објавено:
18 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.742 пати