Зима обоена во маслинесто зелени нијанси

14 јануари 2019

Милитари нијансите се проткајуваат низ трендовите и оваа зима. Актуелни се кај „high street" брендовите, па маслинестите нијанси се особено популарни во уличната мода.

Одлично се синхронизираат со беж тонови, а исто толку впечатливо изгледа и комбинацијата на маслинесто зелени нијанси со црна.

Милитари естетиката, генерално е присутна во тенденциите и годинава, а заедно со овој тренд задолжителни се и зелените нијанси.

Војничките капути, блузони и панталони даваат урбана нота во секој аутфит, а како ги комбинираме погледнете во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
14 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
998 пати