Зимата доби уште еден хит - душек за снег

24 јануари 2023

Веќе сме навикнати да гледаме фотографии од летни одмори што ги красат душеци во разни форми, како патки, крофни, еднорози и слично.

Сепак според она што деновиве можеме да го видиме на социјалните мрежи, душекот повеќе не е само летен реквизит. Станува збор за најнов тренд – душек за снег, кој што има слична улога на санка.

Овие зимски душеци, се изработени од издржлива пластика и на нив можете комотно да седите додека се лизгате по снегот. Друга карактеристика е што поради нивната леснотија, се спуштате многу брзо, па затоа треба да размислите дали сте за адреналинско лизгање.

Ги има во најразлични облици, а компанијата која што го започна овој тренд се вика FUNBOY.

За разлика од санката, душекот не зазема простор па може да го чувате каде сакате кога не е надуван. 

Уште еден бренд кој што произведува вакви душеци е The Nice Fleet, кои што своите производи ги имаат украсено со убави илустрации.

Душеците се наменети за деца од пет години па нагоре, а нивната носивост е 120 килограми.

Супер забава за деца и возрасни.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by the nice fleet (@thenicefleet)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FUNBOY (@funboy)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FUNBOY (@funboy)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FUNBOY (@funboy)

Фото: Instragram

Објавено:
24 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
595 пати