Зимски деловни комбинации – отмени и на минусни температури

2 јануари 2019

Одговорете достојно на предизвикот: дотерајте се за на работа и покрај ниските температури, очекувани за овој период од годината.

Но, некој степен под нулата апсолутно не значи и демотивација кога е во прашање деловниот изглед.
Напротив, со зимата заедно секогаш доаѓаат и омилените слоевити комбинации што вклучуваат неколку деловни парчиња споени во една целина.

Монохроматските комбинации, како оние исклучиво со црни или сиви парчиња, надополнети со елегантен накит, се секогаш сигурен избор.

Но, потрудете се да бидете инвентини и се разбира ако ви дозволува работната позиција, направете похрабри комбинации во однос на изборот на кроеви, дезени или модни додатоци.

Карираниот блејзер надополнете го со впечатлив ремен што ќе ви ја нагласи половината, врз белата минималистичка кошула облечете блејзер во интензивна боја и комбинирајте го со марама околу врат со соодветна шара. Ако веќе одберете еднобојна комбинација, тогаш акцентирајте ја со некој моден додаток со интересен дезен или во јака боја – на пример ако носите костум во земјени тонови, одберете чизми во изразена црвена боја или пак беретка во зелена нијанса.

Неколку инспиративни примери издвојуваме во продолжение.

 

 

Објавено:
2 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.126 пати