Зимски must have: Штепувани долги монтки

22 декември 2020

Зимата и календарски ни пристигна, па по некоја логика на нештата, студените денови допрва ни претстојат. Ако сте во потрага по совршената јакна за сезонава, од домашнатамодна куќа Елена Лука имаат одличен предлог - долги монтки.

Овој модел беше исклучително баран досега, па оттаму брендот одлучи да ја збогати понудата, пласирајќи овој пат штепувани долги монтки со надворешни џебови и качулка.

Доаѓаат во три неутрални нијанси, со што лесно можат да се вклопат во секојдневниот стил. 

Ако ја преферирате спортската естетика, ќе ви бидат добредојдени со тренерки, дуксер и патики. Доколку пак сакате да ја носите кога одите на работа или прошетка, тогаш можете да ја комбинирате со џинс, плетени комплети, ролки,чизми...

Воедно, ова еден од најактуелните трендови сезонава, иако големото враќање на монтките се случи минатата година. Ова е парче за сите возрасти и речиси сите пригоди, што е само причина повеќе да инвестирате во едно. 

Ниту познатите не го заобиколија трендот, па неодамна и пејачката Дани Димитровска објави фотографија токму во оваа јакна која ја нарече сончева прегратка во тмурни денови.

 

Повеќе за овие модели можете да дознаете на онлајн продавницата на брендот Елена Лука, или пак да го посетите нивниот нов showroom во населбата Аеродром.

 

Објавено:
22 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
701 пати