Зошто сакаме монтки?

28 октомври 2020

Доаѓа уште една студена зима, што значи нова потрага по совршената јакна за сезонава. Ако сакате нешто што ќе се вклопи во трендовите, но ќе ви понуди и широк избор на комбинации, ние имаме супер предлог за вас.

Монтките повторно доминираат на модната сцена, што и не е некое изненадување. Удобни се, меки и лесни, а притоа дават чувство на топлина. 

Нашиот избор се овие долги, кои имаат и ремен на средината, со што се и практични и добиваат елегантна нота.

Привлечните бои ќе ја истакнат вашата комбинација, па ниту една нема да изгледа досадно, а идеални се и за полежерни и за деловни изгледи.

Повеќе за изборот, големините и цените можете да најдете на линкот тука.

 

Објавено:
28 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
668 пати
Тагови: 
стил тренд монтки