10 причини зошто уште денес да си направите вода со овошје

25 јуни 2020

Постојано слушаме како два литра се оптималното количество вода кое треба да го внесеме на дневно ниво.Сепак, не на секого тоа му успева.

Водата е фантастичен сојузник во елимирањето на токсините од организмот и ја одржува кожата хидрирана.

Но, доколку водата не секогаш ви е привлечна за пиење, можете да си направите вода со вкус, вметнувајќи некое овошје, а во продолжение ви претставуваме пет супер комбинации кои ќе ве освежат, ќе ви го подобрат здравјето и ќе ви помогнат да ја достигнете препорачаната доза течности:

 

Вода + лимон

Оваа комбинација е најдобра наутро, на празен стомак. Исцедете половина лимон или лимета во чаша вода и тоа е се'. Ќе го подобрите имунитетот, а ќе го поттикнете исфрлувањето на токсините. Исто така, оваа комбинација е одличен диуретик, што значи дека помага во организмот да не се задржуваат вишок течности.

 

Вода + ананас+ краставица

Ананасот ја подобрува циркулацијата, помага во намалувањетон а целулитот, деуретик е... Списокот на добрите нешта што ги нуди за организмот е долга, а згора на се' има и малку калории. Во половина литро студена вода, ставете половина краставица (исечкана на крукчиња) и крукче или две ананас.

 

Вода + лимон + нане + краставица

Ако сте љубител на цитрусни вкусови, ќе ви се допадне оваа комбинација. Потребни ви се две парчиња лимон, 2 крукчиња краставица и четири ливчиња нане во чаша или тегличка. Со овој микс ќе го регулирате метаболизмот, па може да биде ваш сојузник доколку сакате да намалите килограми. А нането ќе го подобри варењето.

 

Вода + лимон + шумско овошје

Потребни ви се половина шолја малини, половина шолја боровници и половина лимон. Секое од овошјата исечкајте ги на половина, а потоа додајте ги во бокал во кој претходно сте ставиле половина литро вода. Оставете овошјето да пушти арома и хранливи материи. Ова е одличен извор на витамин Ц, со што ќе си го подобрите изгледот на кожата, а боровниците ќе ви помогнат и во регулирањето на вишокот маснотии во крвта.

 

Вода + лимон + јагоди + краставица + нане

Исечкајте неколку јагоди и помешајте ги со четири крукчиња краставица, 2 парчиња лимон и две ливчиња свежо нане. Зошто е овој микс фантастичен? Ако сте имале напорен ден, нането ќе ве смири, лимонот ќе ве наполни со енергија, а краставицата и јагодата ќе ве освежат и ќе придонесат за супер вкус.

 

 

Објавено:
25 јуни 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.822 пати
Тагови: 
овошна вода