5 фанстастични вежби за тело што можете да ги правите во домашни услови

17 мај 2019

Со оглед на тоа дека летото и календарски ни се наближува, сигурни сме дека повеќето од вас веќе се трудат да ја подобрат својата фигура.

Доколку сте мрзеливи или немате време да одите во фитнес сали, можете да вежбате и дома. Во продолжение ви презентираме 5 фантастични вежби за совршено тело што можете да ги правите во домашни услови, а после кои резултатите ќе бидат видливи.

 

1. Squats

Застанете право и нозете раширете ги во линија со рамениците, односно со колковите. Соберете го стомакот и клекнете, со тоа што колената не треба да ви бидат понапред од рамениците, ниту пак со телото да одите  премногу напред, бидејќи така ќе оптоварите други делови од телото и нема да го добиете посакуваниот ефект. На крајот од движењето исправете се повторно, земете здив и почнете повторно. При завршувањето издишете. Направете 20 повторувања во 4 серии.

 

 

2. Plank taps

Наместет го телото во позиција за склек. Благо раширете ги стапалата за да имате стабилна позиција. Стегнете го стомакот и телото, па одвојте ја едната дланка од подлогата и допрете го спротивното рамо, па потоа истото со другата. И така 45 секунди во 4 серии. Доколку ова ви е претешко, практикувајте го барем основниот планк, кога го држите телото во споменатата основна позиција исто така 45 секунди.

 

 

3. Squats jacks

Од исправена положба клекнете како во пример број еден, а потоа од истата позиција со одраз (потскокнување) вратете се во првичната положба. Важно е колената и стапалата да останат цврсти, да не мрдаат, за да нема оптоварување на грбот.

 

 

3. Hip Thrust

Легнете на грб а колената свиткајте ги во 90 степени. Мускулите на задникот стегнете ги, а со колковите кренете се нагоре. Внимвајте колената да туркаат кон надвор, со што дополнително ќе го активираат страничниот дел на задникот. На крајот од движењето, стегнете го задникот максимално и потоа вратете се во првичната положба. Направете 15 повторувања во 4 серии.

 

5. Wall sit

За крај, фокус на нозете! Телото потпрете го на ѕид, и доведете го во седечка положба, така што нозете ќе ги свиткате под агол од 90 степени. Раширете ги нозете во линија на кулковите и останете во таа положба 45 секунди и така во четири серии.

 

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.801 пати