5 најчести фризерски лаги

30 септември 2015

Ви се случило ли некогаш да му речете на фризерот да ви ја скрати косата повеќе, а тој да ви каже дека не е потребно? Во продолжение ви ги откриваме 5-те најчести лаги на фризерите поврзани со стрижењето коса:

Морате да ги кратите врвовите на секои шест недели

Поголемиот број фризери ќе ви кажете дека ова е оптималното време за обновување на врвовите, но се поставува прашањето, кој има толку време и пари да ги посетува фризерските салони толку често. Жените што не ја пеглаат косата и ретко користат фен не мораат да ги кратат врвовите на 5-6 недели.

Секојдневното миење на косата е лошо

Многу пати сте слушнале дека секојдневното миење на косата е најлошата работа што можете да ѝ ја направите на косата. Всушност, не е проблем миењето на косата, колку сушењето потоа. Ако секој ден ја миете косата, но не користите фен, пегла или фигаро, нема потреба да се грижите. Потрудете се само да одберете што полесен шампон и регенератор.

Не шишајте ги врвовите сами

Сосема е разбирливо зошто фризерите ви го даваат овој совет. Тоа е нивна работа, но ако имате едноставна фризура, можете и сами да ги скратите испуканите врвови. Ако се одлучите на ваков чекор, сепак внимавајте да не ги користите кујнските ножици. Вложете во професионални ножици.

Кратењето на испуканите врвови ќе го забрза растот на косата

Не, не е точно. Со оваа постапка краевите ќе ви изгледаат поздраво, но косата нема побрзо да ви расте.

 

Чешлањето е добро за вашата коса

Не секогаш. Оние што имаат кадрава или оштетена коса би требало да го избегнуваат чешлањето, затоа што со тоа дополнително ќе се оштети влакното. Наместо тоа, подобро е да се нанесе малку масло за коса на врвовите. Оние пак, што имаат цврста коса, секако треба да ја чешлаат редовно, затоа што на тој начин ќе ја поттикнат размената на природни масла.

Се согласувате ли со ова?

Објавено:
30 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
7.483 пати
Тагови: 
коса фризер лаги