Ако сте на мисла да не јадете леб - прочитајте го текстов

3 ноември 2020

Ова е само една од интерпретациите на фотографиите кои кај секого будат препознавање и насмевка. Според податоците од Гинис, земја каде што најмногу се консумира леб е Турција (199 килограми по личност), на второ место е Србија (135 килограми), а на трето Бугарија 133.1 килограм по личност.

Хрватите излегоа со податоци дека од земјите во Европска унија, тие се на самиот врв по косумирањето леб и пекарски производи. Просечен Хрват годишно јаде 62 килограми леб. 

Податоци за Македонија нема, но веруваме дека не заостануваме многу.

Сепак, години наназад се зборува како лебот, односно тестото, житарките, односно пред се' белото брашно се штетни за човековото здравје.

Често читаме препораки за тоа како е подобро да го исфрлиме од исхраната или ако баш не можеме, тогаш да го сведеме внесот на минимум.

Ако сте од оние што се соочуваат со вишок килограми, или подуен стомак, една од првите препораки на кои ќе наидете е да го намалите внесот на јаглехидрати во организмот, а со тоа и лебот.

Ние пак, наидовме на интересен текст, кој укажува на тоа што ќе му се случи на организмот (и добро и лошо) ако престанете да јадете леб:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mateus Morais (@a.mateusmorais) onNov 2, 2020 at 3:17pm PST

1.Губиток килограми

Кога ќе се редуцира внесот на јаглехидрати, прво што се забележува е магично намалување на килограмите. Но, не сте намалиле на маснотии, туку тежината од водата која се насобрала во организмот. Кога јаглехидратите се во телото во облик на гликоген, па секој грам јаглехидрати претвора три до четири пати од својата тежина во вода. Кога ќе се откажете од јаглехидрати, телото почнува да ги троши залихите гликоген, па се губи огромно колчество вода.

2.Лажен грип

За телото да ги искористи мастите како гориво, мора првин да ги разгради на мали парчиња, кои се нарекуваат кетони. Зголемувањето на кетони предизвикува сува уста, замор, слабост, вртоглавица, несоница, мачнина и она што народски го викаме „заматен ум“ или поглед. Всушност, предизвикува чувство како да се разболувате од грип. Телото полека се прилагодува да функционира на кетони, и откако ќе го постигне тоа, веќе не се чувствувате така лошо. 

3.Зголемена потреба за благо

Преработените шеќери се познати по тоа што ја креваат вредноста на шеќерот високо, за потоа вредноста нагло да се спушти. Ваквите движења на шеќерот ги активира центрите за зависност во мозокот, водејќи кон константна потреба за благо. Ако земаме храна богата со влакна, нивото на шеќер ќе успееме да го одржиме стабилно и ќе ја намалите потребата за благо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@norfafrica) onOct 29, 2020 at 6:01am PDT

4. Срцеви болести

Ризикот од срцеви болести може да паѓа или да расте.Таа голема разлика зависи од тоа кој вид житарки сте престанале да јадете. На пример, во студијата објавена од 2014 година, се вели дека рафинираните шеќери го креваат нивото на масните киселини во телото, кои пак го зголемуваат ризикот од заболување од срцеви болести, мозочен удар, дијабетес тип II итн..

5.Мрзеливост

Житарките со цели зрна се добар извор на железо, магнезиум и витамин Б, кои се важни за одржувањето на енергијата, а голем дел од луѓето имаат недостаток од магнезиум. Затоа, ако го исфрлите лебот, ќе бидете мрзеливи и без енергија, но целите зрна можат да ја подобрат таа ситуација.

6.Нередовно празнење

Истражување во Америка покажало дека 92% од возрасните не внесуваат доволно житарки со цели зрна. Влакната не само што помагаат во стабилизација на вредностите на шеќери, туку го намалува ризикот од хронични болести, а помагаат и во одржување на редовно празнење на цревата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ibizafoodlovers) onNov 3, 2020 at 5:09am PST

7.Раздразливост

Кога ќе престанете да внесувате житарки односно јаглехидрати од тој тип (најчесто рафинирани) расположението се менува, па не изненадувајте се доколку станете малку раздразливи.

8. Недостаток на енергија

Јаглехидратите се главен извор на енергија во нашето тело. Со намалениот внес во организмот, ни паѓа енергијата.

Имајќи го сето ова предвид, зголемете го внесот на влакна во организмот, тие ќе ви помогнат да го подобрите функционирањето, и не правете нагли пресеци околу консумирањето шеќери. Исфрлете ги само оние што се штетни, но тоа не значи да го лишите организмот комплетно од шеќери.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FOUR - Fine Dining + Travel (@four_magazine) onOct 29, 2020 at 7:06am PDT

 

Објавено:
3 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.493 пати
Тагови: 
леб