АВОН Македонија прослави 10 успешни години

18 септември 2015

Во пријатна атмосфера, со добра забава и со соработниците, тимот и медиумите, македонското претставништво на АВОН вчеравечер го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава.

Сашко Коцев

Покрај водителот Сашко Коцев, дел од челните луѓе на козметичката компанија ги поздравија присутните и истакнаа дека нивната задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.

Исто така, тие посочија дека резултат од 10-годишната работа на компанијата АВОН Македонија, е и  можноста за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или дополнителен извор на приход.

- Пред 10 години само 300 Авон Претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 Претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје – изјави Дана Стојкова, Национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.

Дана Стојкова, Национален менаџер на продажба на АВОН Македонија

Таа исто така ја истакна и ангажираноста на компанијата во доменот на општествената одговорност. АВОН Македонија досега има донирано повеќе од три милиони и 700 илјади денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за Борба против семејното насилство. Со неа, 100 отсто од профитот од продажбата на производите одат во прилог на оваа цел. На овој начин, сакаат да покажат дека компанијата е комплетно ориентирана кон жената, и тоа не само кон нејзината убавина, туку и комплетна благосостојба.

Дел од тимот на АВОН Македонија

-  Ние не продаваме само производи за убавина, туку ѝ овозможуваме на секоја жена да го покаже своето најубаво лице. Заедно го исполнуваме нашиот сон од детството овој свет да го направиме подобро место за живеење и заедно го остваривме нашето успешно минато и сега ја креираме иднината на АВОН! – дополнува Стојкова.

Една од ексклузивните гостинки на настанот беше Елизабет Коробченко, Генерален менаџер на АВОН за Балканскиот регион, која истакна дека Македонија веќе две години по ред е пазар што дава најдобри резултати во севкупното балканско АВОН-семејство.

Елизабет Коробченко, Генерален менаџер на АВОН за Балканскиот регион

Каролина, како актуелно заштитно лице на компанијата,  присутните ги почести и со своето присуство, но и со песна. Во официјалниот  дел присутните имаа можност да уживаат и во танц со сенки, изведен од трупата предводена од балерината Саша Ефтимова.

Каролина Гочева

Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута, и својот јубилеј го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно.

Објавено:
18 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.142 пати